Татко си го полил четиригодишниот син со бензин и го запалил

Четиригодишно дете било примено во Ургентниот центар во Благоевград, откако претходно било полиено со бензин и запалено, објави БНТ.

Детето има 80% изгореници по телото и е во исклучително тешка состојба. Како што пишуваат бугарските медиуми има две верзии за овој инцидент. Една е дека детето било запалено со бензин од сопствениот татко, а според другата пет деца биле оставени сами да играат со бензин, по што се случил инцидентот, а мајката сакајќи да ги заштити останатите деца кажала дека таткото го направил злосторството.  Ужасниот чин се случил нешто пред 17 часот.

-Детето е донесено во болницата во 17 часот и 15 минути, изјави директорот на медицинската установа, д-р Валентин Димитров. Лекарите се борат за неговиот живот.

Полицијата работи со двајцата родители на расветлување на сите факти и околности.