Кои се симптомите на новата варијанта кракен? Зголемен е бројот на позитивни во Македонија

epa08144401 Medical staff transfer patients to Jinyintan hospital where patients infected with a new strain of Coronavirus identified as the cause of the Wuhan pneumonia outbreak are treated in Wuhan, Hubei province, China, 20 January 2020. More cases of the mysterious SARS-like virus linked to the Wuhan pneumonia outbreak were reported in China on 20 January 2020, bringing the total number of cases to more than 200 with three deaths so far. EPA-EFE/STRINGER CHINA OUT

Шест проценти од населението во Македонија е позитивно на коронавирус. Минатата недела регистрирани се 203 новозаболени од КОВИД-19, што е минимално намалување во однос на претходната недела, но затоа бројот на тестирања е двојно зголемен. Процентот на позитивност се движи од 3,1% до 9,4%, просечно 6,5%.
Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје или 60 отсто. Највисока инциденца (зачестеност) е регистрирана во Богданци (40,9/100.000), Демир Капија (26,5/100.000) и Пехчево (25,1/100.000).

Заболените во најголем процент се на возраст од над 60 години, додека зголемување на бројката се евидентира и кај возрасните групи од 20-29 години (5,6%) и од 30-39 години (12,7%). Намалување има кај педијатриските пациенти од 0-9 години (33,3%), кај децата и адолесцентите помеѓу 10 и 19 години (71,4%),

Во текот на минатата недела пријавени се 61 реинфекции, за 29,9% помалку во однос на претходната недела. Во текот на минатата недела пријавени се 2 починати лица од Скопје (и двата случаи по 87 г.) со коморбидитети и се починати во болнички услови.

Засега нема потврда дали најновиот поттип на омикрон т.н. кракен е забележан во земјава.

Кракен, варијанта на коронавирусот која се шири 40 отсто побрзо од своите претходници, може да стане доминантна кај населението. Досега пријавените симптоми на кракен се многу слични на оние на омикрон, но некои се посебно застапени.

Лекарите сметаат дека симптомите на кракен немаат доживеано голема промена.

“Забележуваме дека се повеќе луѓе всушност имаат симптоми слични на настинка“, велат лекарите.

Тоа значи дека може да се очекува да симптомите како течење на носот, болка во грлото, кашлица и затнат нос бидат почести кај лицата заразени со кракен.

Лекарите потенцираат дека високата темепература, која е карактеристична за грипот, е многу редок симптом на оваа корона варијанта.

Според извештаите од болниците, моментално се хоспитализирани 32 лица (6,7% повеќе во споредба со претходната недела), од нив 14 се на кислородна поддршка (16,7% повеќе во споредба со претходната недела) и нема пациенти на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација.

Заклучно со 15.01.2023, регистрирани се вкупно 21.445 реинфекции. Од реинфекциите, 27 завршиле со смртен исход. Регистрирани се 9 смртни случаи кај бремени жени и 41 смртен случај кај здравствени работници.

Досега од КОВИД-19 починале 9.633 лица, а од Од смртните случаи, 865 (9,0%) починале во вонболнички, а 8.768 (91,0%) во хоспитални услови.