CTPAШНО НЕВPEME ВО ОВИЕ ДЕЛОВИ ОД 3ЕМЈАТА: Ветерот носи се пред себе, паднати семафори по силното невpeме во Софија

Во главниот бугарски град Софија поради силниот ветер падна дел од фасадата на зградата на училиште.

На бројот 112 примени се вкупно над 130 повици, главно за паднати дрвја и скршени гранки.

Најголем дел од пријавите се во регионите „Лозенец“ и „Витоша“. Дрво паднало до 193-та градинка и оштетило пет автомобили.

Фасадата на основното училиште која се урна ноќеска поради силниот ветер, е направена во 2012 година, изјави градоначалникот на општина „Илинден“, Иван Божилов.

– Не можеме да се бориме против природата.

Во текот на ноќта имаше големи нал ети на ветер, паднати дрвја во областа. Формирана е организација за отстранување на оние на патната мрежа. Ќе дојде соодветна механизација со која ќе можеме да го собереме паднатиот стиропор и ѓубре, посочи Божилов.