(BOЗНЕМИРУBAЧКО ВИДЕО) ТАТКО ХЕРОЈ: Cо телото го заштитил своето бебе кое е живо извлечено од рушевините!

Драматични снимки од спасувачките акции во Турција и Сирија по катастрофалниот земјотрес ја ледат крвта во вените.

Се помалку има надеж за поголем број преживеани по урнатините како одминуваат часовите.

Нова снимка, и во овие тешки ситуации, ја потврдува љубовта и пожртвуваноста на родителот да го спаси своето дете.

Татко, со своето тело го заштитил синот кој е бебе, со надеж дека наследникот ќе преживее. Спасувачките екипи успеале да дојдат до нив.

За жал, таткото е пронајден починат, но откако го извлекле неговото тело го виделе бебето кое било живо.

Според последните информации како последица од земјотресот, животот го загубија над 16.000 лица во Турција и Сирија.