7 изнендувачки причини за намалено либидо

Сексот има некои неверојатни здравствени придобивки. Знаевте ли дека со него можете да се ослободите од главоболката и несоницата? За жал многу жени се склони кон намалена желба за секс, а тоа може да има сериозно влијание на врската. Многу жени мислат дека се само премногу уморни, или пак дека им здодеал партнерот. Но постојат многу други причини за намалено либидо. Погледнете некои од нив.

  1. Замор

Еден од четири парови изјавиле дека често се премногу уморни за да имаат секс. Ова не е ни толку чудно кога ќе се земат предвид секојдневните обврски. Кога треба да одбираат помеѓу секс и одмор, повеќето се одлучуваат за второто.

  1. Хормонални промени

Еден од главните фактори во желбата за секс е нивото на хормони. Кога ова ниво се менува, како на пример за време на бременост, доење или менопауза, има влијание на желбата за секс. Тестостеронот влијае на желбата за секс и кај жените и кај мажите. Нивното ниво е највисоко кај жените во средината на 20-тите, а потоа бавно се намалува до менопаузата.

  1. Ниска самодоверба во врска со вашето тело

И психолошките проблеми можат да влијаат на вашето либидо. Ако се чувствувате лошо во врска со вашето тело или ако имате ниска самодоверба, големи се шансите да не сакате да се соблечете пред никого, дури ни пред вашиот партнер.

  1. Проблеми со менталното здравје

Одредени ментални проблеми, како анксиозноста и депресијата, можат да предизвикаат намалување на желбата за секс. И мажите и жените кои страдаат од овие болести имаат големи шанси да се соочат со намалено либидо. Луѓето со хронична депресија имаат намалена желба за секс, потребно им е подолго за да доживеат оргазам и самиот секс не им причинува толкаво задоволство. И лекарствата како антидепресивите можат да ја намалат желбата за секс.

  1. Гнев

Жените имаат потреба да се чувствуваат сакано и поврзано со нивниот партнер. Незадоволството ве спречува да се чувствувате слободни во текот на сексот, а ова е клучно за уживање во него. Ако сте гневни кон вашиот партнер, обидете се да разговарате и да го решите проблемот пред да бидете интимни.

  1. Медицинска состојба

Ако имате некоја болест, можно е токму таа да влијае на вашата желба за секс. Овде спаѓаат артритис, рак, дијабетес, висок крвен притисок и некој вид невролошка болест. Други медицински состојби кои го намалуваат либидото се проблеми со тироидната жлезда, фиброиди и ендометриоза. Некои препишани лекови, како апчиња за контрацепција и лекови за намалување на крвниот притисок имаат влијание на желбата за секс.

  1. Животни навики

Одредени животни навики имаат големо влијание на желбата за секс, вклучувајќи пушење, пиење и користење наркотици. Чаша вино можеби ќе ве расположи за секс, но премногу алкохол го прави спротивното. Истото важи и за уличните дроги. Пушењето го намалува протокот на крвта, а ова ја намалува желбата за секс.

Како да ја подобрите желбата за секс?

Ако имате проблеми со либидото, тоа може да влијае и на вашата врска. Понекогаш можно е да се чувствувате и безнадежно. За среќа, постојат многу нешта кои ќе ја зголемат вашата желба за секс. Можете да поработите на комуникацијата со партнерот, да консумирате афродизијаци и да го запознаете вашето тело преку мастурбација.

Кога да посетите лекар?

Ако намалена желба за секс почнува да ви влијае на секојдневниот живот или ви создава сериозни проблеми во врската, разговарајте со вашиот лекар кој ќе ви помогне да најдете решение.