5 чудесни вештини кои што кучињата ги имаат, а луѓето не

Сите љубители на кучињата ќе се согласат дека овие домашни миленици се прекрасни и извонредни суштества. Тие се толку неверојатни благодарение на нивните 5 чудесни вештини што ги издвојуваат од луѓето. Во продолжение дознајте за што станува збор…

1. Тие можат да ја намирисаат и најмалата количина на храна без разлика дали се наоѓа блиску или далеку

Сетилото за мирис кај кучињата е од 10.000 до 100.000 посилно од она кај луѓето, што значи дека тие можат да намирисаат работи кои ние ни во сон не би можеле да ги намирисаме. Од аспект на видот, тоа би значело дека ако вие можете јасно да гледате на далечина од 500 метри, вашето куче би можело да гледа на далечина од 5 километри. Благодарение на нивното извонредно сетило за мирис, кучињата многу им помагаат на луѓето, како на пример во потрагата по исчезнати лица.

2. Можат да откријат болести кај луѓето со помош на нивните сетила и интуиција

Кучињата можат да откријат болести кај нивните сопственици. Тие можат дури и да се дресираат да го предупредат сопственикот пред да добие епилептичен напад, додека, пак, некои кучиња можат да го алармираат човекот за промените кои се случуваат во неговото тело, а се предизвикани од болести. Постојат многу вистински приказни за кучиња кои ги почувствувале биолошките промени во телото на човекот и испаднало дека се работи за рак. Кога ќе почувствува дека нешто не е во ред, кучето ќе се обидува да привлече внимание на тој дел од телото додека сопственикот не сфати дека нешто не е во ред.

3. Можат да предвидат што ќе направите без да кажете ни збор

Кучињата се вистински експерти за читање на човечкиот говор на телото, поради што можат да предвидат како ќе реагирате. Кучињата го користат контактот со очи за да откријат што мисли нивниот сопственик. Нема да морате да кажете ни збор! Вашето куче веднаш ќе знае што ќе направите следно.