2 милијарди долари потрошени во Турција за трансплантација на коса

Околу еден милион лица лани отпатувале во Турција и потрошиле околу 2 милијарди долари на трансплантација на коса, соопшти челникот на турската Асоцијација за здравствен туризам.

Половина од обртот вреден 4 милијарди долари во 2022 година е добиен од услугите за трансплантација на коса. Ако претпоставиме дека просечната сума оставена од пациент за трансплантација на коса е 2.000 долари, можеме да кажеме дека еден милион лица дошле во Турција за трансплантација на коса во 2022 година – изјави лекарот Сервет Терзилер.

Во Европа истата процедура би можела да го чини пациентот меѓу 5 и 10 илјади долари, пренесува ТРТ.

Терзилер истакнал и дека пациентите главно биле од Европа, најчесто од Шведска, Норвешка, Данска, Обединетото Кралство, Шпанија, Италија, Франција, Холандија и Германија. Но, имало и „медицински туристи“ од Бразил, Аргентина, Канада, па дури и од Австралија, Нов Зеланд и Израел.

Но, не се оди само за трансплантација на коса. Според Терзилер, Турција лани надминала обрт од 500 милиони долари во стоматолошките услуги и околу 400 милиони долари во естетската хирургија.

Истакнувајќи дека странските туристи покажале и голем интерес за спа-туризам, тој додал дека во истиот период била надмината сума од 10 милијарди долари во текот на истиот период. Според него, целта на секторот за медицински туризам е да се достигне сума од 20 милијарди долари.

Извор: fakulteti.mk