17-годишник бил моторџијата што удри во мајка и дете на пешачки, па се чукна во возило

Седумнаесетгодишно момче управувало со мотоциклот, кој вчера удри во мајка која со своето дете поминувала на пешачки премин во Карпош.

Како што соопшти МВР, во 16.45 во СВР Скопје е пријавено дека на улицата „Никола Парапунов“, мотоцикл управуван од 17-годишник удрил во М.К. и малолетник, а потоа и во паркирано возило „лада“.

Мајката и детето биле пренесени во Ургентниот центар „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.

фото: принтскрин Телма