Џејла Рамовиќ и Марија Шерифовиќ повторно заедно… Фотографиите кажуваат сé за односот помеѓу нив

Односот на познатите пејачки повторно во центарот на вниманието…

Џејла Рамовиќ се прослави со победата во „Ѕвездите на Гранд“ по што нејзината кариера почна да се движи по угорна линија.

Младата пејачка преку ноќ ја освои публиката на својот извонреден глас, убавина и скромност, но и влезе под кожа и на својата тогашна менторка, пејачката Марија Шерифовиќ, со чија помош победи во шоуто.

Тие останаа големи пријателки и по победата на Џејла во шоуто, а нивниот однос медиумите често го толкуваа и како повеќе од пријателство.


По големиот успех и победата во „Ѕвездите на Гранд“ Џејла реши едно време да се повлече во медиумска илегала и да се посвети на своите студии. Таа заради школувањето се пресели во Барселона, каде се запиша на еден престижен универзитет, но секогаш кога обврските и налагаат, таа ќе се врати во својата земја и ќе се појави на своите настапи.

Таа овој пат се врати во Белград за да го промовира својот нов сингл „Спарта“ и тоа токму во емисијата што ја вивна меѓу ѕвездите.

Тоа секако беше прилика и да се сретне со својата поранешна менторка Марија, а нивната средба помина во одлично расположение. Повеќе од очигледно е дека трачевите воопшто не го нарушија нивниот близок однос, кој од далеку се познава дека е искрен и пријателски.

Инаку, Џејла неодамна се најде во улога на жири во музичкото шоу „Никогаш не е доцна“, кога младата пејачка одговори на неколку прашања на претставниците на седмата сила, кои ја прашаа и за нејзиниот однос со нејзината поранешна менторка од „Ѕвездите на Гранд“, Марија Шерифовиќ.

„Тоа искуство за мене е сосема нормално, ништо непознато, немам јас тука ништо да додадам, тоа за мене е раскажана приказна“.
На прашањето што прво и доаѓа на памет кога ќе слушне или прочита во медиумите дека имало нешто повеќе од пријателство помеѓу неа и Марија, таа вели:

„Боже помогни!“.

Џејла додаде и дека би сакала овие гласини повеќе да не се провлекуваат низ медиумите, и наместо тоа, повеќе да се пишува за она што таа е, односно за нејзините квалитети како пејачка и за нејзините песни.