Џенифер Лопез доаѓа во Србија: За два часа ќе добие 200.000 евра

Џенифер Лопез доаѓа во Србија на приватна забава на познат бизнисмен кој за неа платил ни помалку ни повеќе туку 200.000 евра.

Кон крајот на мај ќе слета со приватен авион на белградскиот аеродром „Никола Тесла“, каде на пистата ќе ја чека луксузно возило кое ќе ја однесе до локацијата каде што ќе се одржи забавата.

Џенифер треба да биде на забавата два часа. Нејзиниот тим не побарал никакви дополнителни услови, само да нема медиуми ниту пак гостите да и пречат со разговори.