ЈА НАПУШТИ ЗАДРУГА ОТКАКО ДОЗНАЛА ДЕКА Е УБИЕН?! Ни трага ни глас во „Белата куќа“ од екс девојката на наркобосот

Александра Николиќ по се изгледа е извадена од реалното шоу „Задруга“ откако ја добила ифнормацијата дека нејзиното поранешно момче е убиено.

Денеска во српските медиуми како бомба одекна веста дека поранешното момче на Александра, Јетон Кривањева познат како Жила е убиен во Скопје.

Тамошните медиуми пишуваат дека таа пред неколку години наводно била во многу турбулентна врска со наркобосот од Македонија од која како што тврдеше и самата има само лоши спомени и претрпела големо насилство.

Имено додека таа настапувала како танчерка во клубови низ нашата земја го запознала наркобосот со кого започнала врска во која била година и половина.

Потоа таа се преселила во Скопје, а во емотивната исповест за српските медиуми неодамна открила дека била и претепана од него.