Шокирачки фотографии на познатата НБА ѕвезда

Познатиот НБА кошаркар Џа Морант се најде во центарот на скандал откако извадил пиштол во стриптиз клуб, тоа го сними и потоа го објавил на социјалните мрежи. Сега се појавија фотографии кои го покажуваат целиот блуд и разврат што му претходел на споменатиот инцидент со пиштолот.

Талентираниот кошаркар кој минатото лето потпиша петгодишен договор со Мемфис вреден 193 милиони долари целосно го загубил „компасот“.

По веста дека претепал тинејџер по кошаркарски натпревар и наводно извадил пиштол кон него, како на лента почнаа да се појавуваат скандали во кои главен актер е Морант. Морант заработи суспензија на клубот затоа што се појави снимка како мавта со пиштол, а сега и скандалозни фотографии од ноќниот клуб каде се случи инцидентот за кој бруи Америка.

Два дена пред скандалот со оружјето, Морант имал баханалии во клуб. Изнајмил локал само за себе и направил хаос. Пари се расфрлале по подот, се шпекулира дека вечерта оставил 50.000 долари само за бакшиш, а друштво му правеле разуздани девојки.