Чудо во Турција: Мајка и бебе спасени 90 часа по земјотресот

Новороденче и неговата мајка биле спасени од под урнатините во јужна Турција, откако таму поминале околу 90 часа, по разорниот земјотрес.

Бебето, како што информираат медиумите, имало само 10 дена и било спасено од урната зграда во провинцијата Хатај.

Според најновите информации бројот на загинати во земјотресите во Турција и Сирија е скоро 22.000 лица, што го прави втор најсмртоносен земјотрес во Турција.