“Човештвото ќе исчезне до 2023“ – Грета Тунберг го избриша своето пророштво

Не е лесно да си заштитно лице на апокалипсата. Грета Тунберг своевремено храбро предвиде дека заради климатската неодговорност, човештвото ќе исчезне до 2023 година. Бидејќи годината дојде а предвидувањето лошо остаре, Грета го избриша твитот со својата глобална прогноза. Ништо страшно, одиме во нови хистерии.

Твитер пред некој ден дозна дека славената млада Швеѓанка го избришала својот пост од 2018 година во кој ни пренесува апокалиптично пророштво од некој „врвен научник“ во кој се предвидува крај на човештвото до 2023 година, “ако не ги поправиме климатските промени“.

Само малку помалку хистерична беше американската застапничка во Конгресот, Александрија Окасио-Кортес која во 2019 година на човештвото му даде фора од 12 години.

Нивните лоши предвидувања се само дел од утките во врска со климата во последните 50 години кои ги собрано Институтот за компетитивно претприемаштво.

На почетокот на 70-тите години научници дигаа узбуна дека до 2.000 година ќе дојде новото ледено доба. Во 80-тите тврдеа дека не гледаат крај на глобалното заладување, во 2004-та се предупредуваше дека Велика Британија ќе биде претворена во Сибир најдоцна до 2024 година, Ал Гор во 2008-ма тврдеше дека до 2013 година ќе исчезне мразот од Северниот пол (иронично, од тогаш ледената површина на Арктикот се има зголемено, забележува Марио Накиќ), сегашниот крал Чарлс, додека беше принц, во 2009-та година се колнеше дека конзумеризмот ќе го уништи човештвото и дека имаме уште само 96 месеци живот…., пишува офф.нет.мк