Хаос на небото над Америка, не е исклучена можноста за вонземјани

Шефот на американската команда за воздушна одбрана Север (НОРАД), генерал Глен Ван Херк по серијата соборувања на неидентификувани објекти, рече дека не е исклучена можноста од вонземјани. Вели дека не е исклучена можноста за друго објаснување.

На прашањето дали ја отфрлил можноста за вонземско потекло на трите воздушни објекти кои беа соборени од американски воени авиони во изминатите неколку дена, Ван Херк на брифинг во Пентагон рече дека ништо не е исклучено и дека сите закани или потенцијални закани се проценуваа и се прават напори за идентификување.

Американскиот генерал рече дека армијата не е во состојба веднаш да утврди од кој погон се соборени предметите, ниту од каде дошле и затоа со причина ги нарекуваат предмети, а не балони.

Неименуван претставник на американската одбрана за Ројтерс по брифингот изјави дека војската нема докази кои сугерираат дека некој од соборените објекти е од вонземско потекло.

Пентагон објави дека борбен авион Ф-16 соборил неидентификуван објект над езерото Хјурон во американската сојузна држава Мичиген на границата со Канада.

Објектот наводно летал во близина на воени локации на САД и не само што претставувал закана за цивилната авијација, туку бил и потенцијална алатка за надзор.

Американското Министерство за одбрана истакна дека објектот не бил оценет како воена закана за објектите на земјата и дека радарите прво го лоцирале над Монтана, и дека бил соборен во неделата во 19:42 часот по средноевропско време, објави Ројтерс.

Тоа беше четвртиот објект соборен над Северна Америка во последната недела, објави гувернерот на Мичиген, Гретчен Витмер.

Неидентификуваниот објект на голема надморска височина беше трет соборен од американски и канадски борбени авиони, по објект со големина на мал автомобил на брегот на Алјаска во петокот и летечки објект над Јукон во Канада во саботата.

Голем балон за кој Пекинг призна дека и припаѓа на Кина беше соборен во близина на брегот на Јужна Каролина на 4 февруари.

Лидерот на мнозинството во Сенатот, Чак Шумер, во неделата изјави за телевизијата Еј-Би-Си дека претставниците на американската национална безбедност мислат дека предметите што биле соборени над Алјаска и Канада биле балони.