Хаос во Хрватска: Силно невреме во Славонија, поплавени улици, оштетени училишта

Силно невреме го зафати хрватскиот град Пожега, во западна Славонија, што предизвика големи проблеми во одредени населени места.

Локалните медиуми јавуваат дека дождот и град го поплавиле градот и дека најлоша била населбата Сајмиште каде канализацијата не можела да прими големо количество вода.

Во некои делови на Пожега автомобилите останаа заглавени на поплавените улици, па возачите мораа да ги туркаат.
Материјална штета е причинета и на средното техничко училиште, каде што се урнал мал дел од таванот, а водата влегла и во друго училиште, објави „Јутарњи лист“.