Фудбалер отишол во болница со симптоми на грип: Му ги ампутирале двете нозе само неколку дена пред да наполни 21 година

На аматерски фудбалер му беа ампутирани двете нозе неколку дена пред 21-виот роденден, откако се разболел со симптоми слични на грип, јавуваат британските медиуми.

Леви Дјуи, кој сега има 21 година, пател од нецелосно функционирање на повеќе органи, по што добил еден вид грип, проследен со тешка сепса и во еден момент беше опишан како најболната личност во Англија, пишува Independent.

На семејството на Леви му било кажано дека има само 30 проценти шанси да преживее. Фудбалерот од Вилингтон водел активен спортски живот играјќи фудбал за ФК Вилингтон.

Сепак, на 7 декември минатата година, Леви беше однесен во болницата Ројал Дерби со симптоми слични на грип и тешкотии со дишењето. Неговата состојба се влошила и Леви доживеал септичен шок и имал откажување на повеќе органи.

Лекарите откриле дека тој боледува од грип Б и пневмококна пневмонија.

„Многу рано ни беше кажано дека Леви потенцијално може да ги загуби нозете и дека ќе треба операција. Бевме подготвени за овој исход ако сакаме да го спасиме неговиот живот. Очигледно тоа ќе го промени животот за сите, но ова е нешто со кое што можеме да се справиме како семејство и имаме толку силна и позитивна мрежа за поддршка. Леви отсекогаш имал позитивен начин на размислување и неговата чаша е секогаш полуполна“, изјавила мајката на Леви, Лара Дјуи (47).