(Фото) Ретка глетка: Камерите “уловија” балкански рис во Националниот парк “Галичица”

Фото-камери поставени во Националниот парк „Галичица“ снимиле примерок на балкански рис во атарот на паркот.

Последните три години ова е осмипат поставените фото-камери да снимат рис во паркот.

Според најавите од Националниот парк, во периодот што следува ќе бидат поставени дополнителни камери, за да се утврди бројноста на балканскиот рис и другите покрупни животни во ова заштитено подрачје.

Истовремено, се наведува дека ќе бидат засилени и мерките за заштита на живеалиштата на балканскиот рис, како и мерките за спречување на криволов во Националниот парк.

Балканскиот рис по педесеттина години во 2020 беше првпат забележан во Националниот парк „Галичица“. Потикнати од појавата на рисот, Јавната установа „Национален парк Галичица“ во сороаботка со „МЕД/MES“ изминатите две години спроведе мониторинг за утврдување на бројноста на срната и на дивата коза во паркот, како животински видови што се омилена храна на балканскиот рис.

1 thought on “(Фото) Ретка глетка: Камерите “уловија” балкански рис во Националниот парк “Галичица”

Comments are closed.