ФК Беласица има одговорност кон секој млад Струмички талент

ФК Беласица е еден од најстарите фудбалски клубови во  Македонија и одтаму ја има одговорност кон секој млад фудбалер во Струмица, но и во Македонија. 

ФК Беласица било и е место кое е расадник на млади таленти и дом каде што секој фудбалер може да развива и проектира иднина. 

Нашиот концепт како тим и како менаџмент можеби  сеуште е конзервативен и локал патриотски заради идеата да создаваме и развиваме клуб кој исклучиво ќе се потпира на Струмичките таленти. Овој концепт и стратегија можеби ќе донесе резултати на подолг рок, но во својот корен и суштина е развој и одговорност кон секој талент, кон секој индивидуален потенцијал и спортски струмички  дух. Темелот во развојот на секој спорт се домашните таленти.

Затоа ние како ФК Беласица ќе продолжиме да ги развиваме нашите струмички таленти во секој сегмент во клубското дејствување и ќе дадеме се од себе овој концепт да се пренесе и на национално ниво. Ние сме пример дека нашиот клуб полека  но сигурно се движи кон Првата фудбалска лига со состав кој  100% е составен од млади и талентирани Струмичани.