Убијците веќе се надвор од територијата на Македонија?! Пронајдено опожарено возило (ФОТО)

Пронајдено е запалено возило во непосредна близина на скопската обиколница за кое полицијата се сомнева дека е токму возилото со кое избегале убијците кои денеска убија две лица, а уште неколкумина се повредени во Шиша Бар во старата скопска чаршија.

Возилото е марка Ауди, според првичните информации Ауди А6.

Во пукање вечерва околу 20.30 часот во Шиша Бар се убиени две лица, неофицијално лекарите се борат за животот на уште едно лице, а енколкумина се повредени но се во стабилна состојба. Неофицијално напаѓачите пукале со автоматско оружје, а истите излегле од територијата на Македонија на нелегален начин во близина на селото Блаце.

Извор: Инфомакс