Тинејџер си внесол УСБ-кабел во мочниот канал!

Лекарите, откако го прегледале тинејџерот, со ужас откриле дека момчето внело УСБ-кабел во уретрата. Нему му била потребна итна помош од специјалист, бидејќи не можел сам да ја извлече. Кабелот беше премногу заплеткан, а секој нареден обид завршуваше со неподнослива болка и последователни повреди.

Шокантниот настан се случи во ноември 2021 година во Велика Британија, но информациите за случајот дури сега беа објавени во медиумите, благодарение на извештаите на лекарите објавени на платформата ScienceDirect. Поради опис на чувствителни здравствени информации, не се познати идентитетот на 15-годишникот и болницата каде момчето било примено во Ургентниот центар.

15-годишно момче си залепило УСБ-кабел во пeниcoт и не можело да го извади

Тинејџерот во болница го донела неговата мајка. Дури кога жената ја напуштила лекарската ординација, момчето признало дека користел УСБ-кабел наместо линијар за да ја измери должината на неговиот орган.

„Пациент на 15 години беше префрлен во нашиот оддел од неговата локална болница откако сам вметнал USB-кабел во уретрата во контекст на cekcyално експериментирање“, велат лекарите во описот на извештајот.

Во извештајот се нагласува дека во моментот кога 15-годишникот бил хоспитализиран, освен „повредата“ бил и здрав. При прегледот лекарите констатирале дека „двата крајни приклучоци на УСБ-кабелот штрчиле од надворешниот отвор на уретрата, додека средниот дел од мртвиот кабел останал во уретрата“. За среќа, момчето брзо отишло на лекар. Кабелот веќе предизвикал воспаление, но доколку го оставале подолго, можел да предизвика уште посериозна штета.

Проблемот на тинејџерот бил решен хируршки. Лекарите во извештајот признаваат дека ваквиот тип на настани може да укажува на недоволно cekcyално образование на младите.

„Ова беше уште еден случај на љубопитност што резултираше со сериозна и итна уролошка состојба“, велат специјалистите.