Теа Таировиќ приведена на настап во Шведска

Пејачката Теа Таировиќ била приведена во полиција за време на нејзин настап во Шведска, пренесува српски Телеграф.

Истиот медиум објави и фотографии од пејачката како ја приведува полицијата, облечена во истиот фустан што го носи и на нејзиниот настап.

„Полицијата синоќа имаше на редовен увид. Бараа договори, не само од неа туку и од Стоја и Девито. Таа го покажала договорот и полицијата и се заблагодарила, немале причина да ја приведат. Вечерва ќе настапува на приватна прослава во Софија, Бугарија“,изјавил менаџерот на пејачката, Бриџис.