Татко се заклучил со двете мали деца во автомобил и отворил плински боци

Поранешната сопруга ги известила надлежните, по што полицајците без да губат време ги искршиле стаклата на автомобилот и ги спасиле децата. Неверојатен инцидент се случил во вечерва во Солун, кога татко се заклучил со малолетните деца близнаци во автомобилот и наводно отворил плински боци, јауваат грчките медиуми.

Според информациите, се се случило во 20:30 часот во областа Мелисохори во Солун, кога во Центарот за итни дејствија се јавила жена и пријавила дека нејзиниот поранешен сопруг е затворен во автомобилот со нивните две деца.

Првите полицајци кои пристигнале на лице место констатирале дека мириса на гас. Без да губат време ги искршиле стаклата од автомобилот и ги ослободиле малолетниците и нивниот татко. Истовремено повикале засилување а била известена и Противпожарната служба, оја за среча намало потреба да интервенира.

Според истите информации, во автомобилот биле пронајдени две плински боци. Двете малолетни деца на возраст од 2,5 години со возила на Итна помош се пренесени во болницата Хипократ, додека нивниот татко на околу 60 години е пренесен во Воената болница 424. Според информациите, нивните животи не се во опасност.

Се истакнува дека се истражуваат причините за инцидентот. Според информациите, таткото има 61 година, пензиониран од воздухопловните сили.