Сириско момче се сними под рушевините: Не знам дали ќе преживеам, ако го споделите ова видео, може ќе ме најдат

Ужасно видео на сириско момче кое се сними под урнатини од катастрофалниот земјотрес стана вирално на социјалните мрежи. Во него вели дека не знае дали ќе преживее, но ако се сподели пораката, се надева дека спасувачки екипи, сепак, ќе успеат да стигнат до него.

„Го снимам ова водео. Не знам дали ќе преживеам или умрам. Ако ова видео се сподели, можеби ќе значи дека некој ќе ме најде“, рече тој во видеото.

Вели дека оној што не доживеал таква ситуација, не може да знае низ што тој минува во моментот.

„Не можете да го знаете ова чувство, ако не сте го доживеале ова. Ова множат да го разберат само оние кои еднаш биле под урнатини“, порача тој во видеото и додаде дека во зградата во која што живеел пред земјотресот, биле уште три-четири семејства.

Снимката е прекината, но содржната што успеал да ја направи, масовно се споделува по социјалните мрежи. Сириските власти и спасувачки екипи не објавија дали може да стигнат до него, а ниту тој повеќе не се огласи.

Бројот на загинати во Турција и во Сирија, по двата разорни земјотреса, надмина 11.000 луѓе.