Силен земјотрес ја стресе јужна Италија

Земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала синоќа кусо пред полноќ го погоди регионот на јужна Италија, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

Земјотресот се случил на длабочина од два километри, 77 километри северозападно од градот Фоџа и 12 километри југозападно од Казакаленда во 23:52 часот по локално време, соопшти ЕМСЦ.

Нема информации за предизвикана материјална штета и повредени луѓе.