Се појави снимка од инцидентот во кој брат намерно го прегази брата си (ВИДЕО)

На социјалните мрежи се појави видео од маж како намерно го прегазува својот брат со автомобил.

Во Сплит се случи инцидент во кој маж со автомобил намерно го прегази својот брат, а сега се појави и видео од овој настан.

Браќата и претходно имале нерасчистени конфликти, а помалиот го прегазил постариот. На видеото се гледа како човек трча по автомобилот и влегува внатре додека автомобилот вози бавно, потоа возилото забрзува, се врти и се враќа кај човекот и го гази.

Мажот излетал од ударот и паднал на подот, а полицијата набрзо го пронашла 41-годишниот кој го прегазил неговиот брат, а во тек е кривична истрага.