СЕКС АФЕРА ГО ТРЕСЕ “GOOGLE”: Ја обвинил директорката за сексуално вознемирување, веднаш добил отказ (ФОТО)

48-годишниот Рајан Олохан го обвинува „Google“ дека го отпуштил откако една од неговите највисоки раководителки, Тифани Милер, се обидела да го заведе и да му ги „допира стомачните мускули“ во ресторан во декември 2019 година, кога му кажала дека знае дека му се допаѓаат Азијки – се наведува во федералната тужба поднесена на Менхетн.

Милер, директорка на програмските медиуми на „Google“ ја пофалила градбата на Олохан и му кажала дека на нејзиниот брак му недостасува „зачин“, се наведува во судските документи.

Наводната средба се случила во текот на собирот на компанијата во ресторанот „Fig & Olive“ набрзо откако Олохан бил унапреден во генерален директор за храна, пијалаци и ресторани и му се приклучил на новиот менаџерски тим во кој била и директорката Милер во канцеларијата на „Google“ на Менхетн.
Додека Олахан, оженет татко на седум деца, кажал дека на почетокот му било непријатно да зборува за инцидентот бидејќи многу негови колеги однесувањето на Милер го објасниле како „Тифани е Тифани, таа е таква“, стои во судските документи.

Олохан рекол дека го пријавил проблемот во одделението за човекови ресурси на „Google“ следната недела, но никогаш ништо не се случило. Претставник од човечки ресурси отворено признал дека ако жалбата била обратна – жена која обвинува белец за вознемирување – ситуацијата ќе добиела поголемо внимание, стои во тужбата.

Олохан тврди дека Милер почнала да му се одмаздува откако ја поднел жалбата. Во 2021-ва година пијана го понижувала пред колегите. Тие потоа го охрабриле да ја тужи.

Милер подоцна се извинила и иако „Google“ бил свесен дека континуираното вознемирување на Олохан од страна на Милер дошло од неговото одбивање на нејзините сексуални обиди, повторно не преземал ништо, се тврди во тужбата.