Сали: Докторските плати се добри, лекарите бегаат поради малите канцеларии во кои работат

Министерот за здравство Беким Сали вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека платите на лекарите во Македонија не се лоши.

Тој вели дека според стандардот, тие се добри.

„Платите на лекарите во Македонија не се лоши. Според стандардот на државата, платите се добри. Има и такви лекари што бегаат за повеќе пари, но кога ќе имаме поорганизирани институции, лекарите нема да бегаат. Апсурдно е да си задоволен кога како доктор работиш во канцеларија од 2 квадрати“, вели Сали.