Русија го објави условот за завршување на војната

Кремљ уште еднаш порача дека има свои услови за мирно решение на војната во Украина, но всушност тоа е повторување на нешто што веќе многупати е кажано.

Според Дмитриј Песков, портпарол на рускиот претседател Владимир Путин, „Киев мора да ги земе предвид новите реалности“ доколку сака мирен крај на конфликтот.

Тоа значи дека Украина треба да ја признае руската анексија на четири украински региони (Доњецк, Луганск, Керсон и Запорожје) кои Русија не ги контролира целосно, но ги прогласи како дел од руската територија по фарсистичките референдуми одржани минатата година.

Песков повтори дека условите на Русија за завршување на војната се „добро познати“.

Имено, Москва во неколку наврати изјави дека Украина мора да ја прифати руската окупација на нејзините четири региони доколку сака да ја прекине војната.

Шансите тоа навистина да се случи се бесконечно мали,пренесе Индекс.хр.