Родители го донеле 12 годишното дете мртво во Битолската болница

На 13.03.2023 во СВР Битола било пријавено дека на 12.03.2023 околу 21.30 часот во Клиничка болница Битола од неговите родители било донесен починат 12-годишник од с.Лера, битолско.

Според пријавеното, на малолетникот му се слошило во домот, по што бил донесен во болницата.

Лекар констатирал смрт без траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција.