Роберто Кавали (82) стана татко по шести пати – детето го доби со поранешната манекенка која е 45 години помладата од него

Свески познатиот дизајнер Роберто Кaвали нa 82 години доби дете со 45 години помладата манекенка.

Познатиот италијански моден дизајнер Роберто Кавали повторно се оствари во улога на татко.

Ова на Кавали му е шесто дете, а го доби со 45 години помладата шведска манекенка Сандра Нилсен, попозната како Сандра Бергман.
Сандра и Кавали се во врска од 2014 година, кога дизајнерот имаше 74 години, но дури сега го проширија семејството за уште еден член. Тие добија машко дете на кого му го дадоа името Џорџо, според таткото на Кавали.

Дизајнерот во разговор со „Novell“ откри дека детето и Сандра е добро по породувањето.

Детето кое се роди пред една недела во Фиренца е здраво и прекрасно. Ме совладаа емоциите кога го видов, изјави Кавали.

„Му го дадовме името Џорџо, според мојот татко, кого нацистите го убија за време на масакрот во Квриглија, кога јас имав само четири години, изјави Кавали за познатиот италијански медиум.

Инаку, италијанскиот моден маг има две деца, Томас и Кристина, од првиот брак со Силванела Џианони, со која беше од 1964 до 1974 година. Потоа ги има Роберт, Рашел и Даниел од вториот брак со Ева Марија Дурингер, а сега го доби и шестото дете со 38 годишната поранешна шведска манекенка.

Познатиот пар ја шокираше јавноста и кога славниот дизајнер на својата сакана и купи остров во близина на Стокхолм.

Во склоп на островот има и луксузна вила со четири спални соби, голф терен, базени, но и остатоци од времето на викинзите.

Роберто Кавали е роден во Фиренца во 1940 година и потекнува од уметничко семејство – неговиот дедо, Џузепе Роси, бил уметник чии дела биле изложени во Галеријата Уфици во Фиренца. Верен на семејната традиција, но сепак насочен кон создавање на свој автентичен креативен пат, Роберто одлучува да се запише на Ликовната академија во својот роден град, а како специјалност ги избира текстилните апликации на слики.

Уште како студент успева да реализира серија од маици со цветни апликации во соработка со најголемите италијански производители на текстил.

Роберто Кавали сака да експериментира и да внесува иновации во светот на модата.