ПУКАЛЕ КОН ТЕЛЕВИЗИЈАТА: Убиен е вработен во албанската „Топ чанел“

Во инцидентот што се случил околу 1 часот по полноќ, убиен е Пали Кола (60), вработен во обезбедувањето на телевизиската куќа.

Непознати сторители ноќеска отвориле оган врз Топ чанел, најгледаната албанска телевизија, пукајќи со огнено оружје во правец на објектот.

Во инцидентот што се случил околу 1 часот по полноќ, убиен е Пали Кола (60), вработен во обезбедувањето на телевизиската куќа во Тирана.

Возило „Ренџ Ровер”, за кое се верува дека им припаѓало на напаѓачите е пронајдено запалено.

Експресно реагираше албанскиот претседател, Бајрам Бегај, кој настанот го оцени за тежок инцидент и побара од надлежните брзо расветлување на случајот, изразувајќи притоа сочувство до семејството на настраданиот.