Пратеник гледа филмови за возрасни на седницата за Косово (ВИДЕО)

За време на специјалната седница за Косово, пратеникот од Социјалистичката партија на Србија, Звонимир Стевиќ, гледаше филмови за возрасни.

Имено, како што може да се види на видеото кое се појави на социјалните мрежи, овој пратеник седнат на собраниската клупа повеќе од минута и пол ја следи акцијата на мобилниот телефон, додека жестока расправа за националното прашање продолжува зад говорницата.

Да потсетиме дека расправата за Косово во Народното собрание на Србија се одржа во четвртокот и петокот на 3 и 4 февруари.

Извор: ИНФОМАКС

ВИДЕО ТУКА