По 100 дена и 12 последователни работни викенди БЕЗ ПЛАТА кардиохирурзите во Ниш ја елиминираа листата на чекање!

По речиси 100 дена работа и 12 последователни работни викенди, кога персоналот работел без паричен надоместок, клиниката за кардиохирургија во Ниш ја постигна својата цел – успеа да ја елиминира листата на чекање.

Наместо листа за чекање, се формираат листи за закажување и пациентите веќе нема да чекаат за операција 4-6 месеци, туку 7-15 дена.

Вработените во клиниката за кардиохирургија на Универзитетската болница во Ниш одлучиле да работат за викенди, за што не барале никаков паричен надоместок, а единствена цел им била да ја намалат листата на чекање.