Почина Миле Спасев, командир во вториот батаљон на македонските бранители од 2001-ва

Македонски Лавови соопштија дека почина Миле Спасев, командир во единицата од времето на конфликтот во 2001 година во Македонија.

– In memoriam: Миле Спасев – Мафија. Ги известуваме сите наши припадници и симпатизери дека денеска почина наш бивши припадник, командир во една од четите на вториот батаљон. Вечна ти слава!- стои во објавата на Македонски Лавови на нивата страница на Фејсбук.

Во објавата се додава дека тие што го познаваа ќе го паметат како расположен, позитивен, комуникативен, голем патриот и хуманист. Човек кој ги сакаше луѓето, а и тие него.