Почина брат ѝ на Марија Шерифовиќ: Пејачката скршена по големата семејна трагедија

Полубратот на Марија Шерифовиќ кој нејзиниот татко го доби во вонбрачна врска го знаете сите.

Данијел Павловиќ јавноста го запозна кога во 2008 година се појави во музичкото шоу „Операција триумф“ каде се натпреваруваше и нашиот Александар Белов.

Она што на публиката ѝ е помалку познато, е дека српската евровизиска победничка има уште еден полубрат, Душан Шерифовиќ, кој, за жал, почина во 2013 година по долго и тешко боледување. Имаше 42 години.

„Живееше со татко му. Имаше проблеми со срцето, уште како бебе беше опериран во Лондон. Ми кажаа дека едвај го преживеал тој зафат. Константно беше под терапии“, своевремено откри негов пријател.

Марија за својот брат, првпат зборуваше во емисијата „На терапија“.

„Душан ми беше брат од првиот брак на татко ми. Беше една бескрајно добра и посебна душа“, кажа Шерифовиќ.