Починал затвореник во струшкиот затвор

Вчера час и половина после пладне во ОВР Струга било пријавено дека 40 годишен стружанец починал во затворот во населбата Теферич во Струга каде што издржувал казна затвор.

„На 8 април 2023 година во 13.30 часот во ОВР Струга, од Казнено-поправната установа во населба Теферич во Струга било пријавено дека починал затвореникот Б.И.(40) од Струга. Извршен бил увид, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција“, информираа од МВР.