ПОЛИЦИЈАТА ГО БРКА, А ТОЈ СКОКА ОД ТРИКАТНИЦАТА ВО ВЕНЕЦИЈА (ВИДЕО)

Градоначалникот на Венеција, Луиџи Брунаро денеска на Твитер објави дека полицијата трага по маж кој облечен во боксерки скокнал од врвот на трикатна зграда во еден од венецијанските канали.

Брунаро ветил дека ќе му даде на, како што го нарече, „идиот“, за кого мислел дека е турист, „диплома за глупост“ и ќе го удри неколку пати, пренесува Си-Ен-Ен.

Тој додаде дека „идиотот“ и тој што го снимил ова видео ќе бидат уапсени.

Градоначалникот на Венеција ги повика граѓаните да помогнат да се идентификуваат бараните лица и ги замоли да не го „лајкнуваат“ споменатото видео кое во меѓувреме стана вирално.

Минатата година, повеќе од 40 туристи беа уапсени за пливање во венецијанските канали, а еден човек беше затворен поради обид да сурфа на Гранд Канал.