Полицаец предизвика голем скандал во средно школо во Скопје

Вчера МВР добило пријава од средно училиште во Скопје дека полициски службеник вербално вознемирувал неколку ученички.

– Веднаш се преземени соодветни мерки за расчистување на случајот и известен е јавен обвинител и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, а против лицето ќе биде поведена и постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и суспендирање од работното место до донесување на решение во дисциплинската постапка – извести полицијата.