ПОЗНАТ МАНЕКЕН ИЗВРШИ САМОУБИСТВО: Скокнал од балконот на својот стан (ФОТО)

Манекенот Џеф Томас се самоубил скокајќи од балконот на својот стан, пренесува „ТМЗ“.

Познатиот топ модел имаше 35 години.

Полицијата се уште истражува, смртта се третира како самоубиство, но резултатите од обдукцијата за конечната причина за смртта допрва треба да бидат објавени.

Тие исто така рекоа дека добиле повик на 8 март дека телото на Томас било пронајдено откако тој наводно скокнал од балконот на неговиот стан во Мајами.

Томас беше многу популарен на социјалните мрежи, со повеќе од 120.000 следбеници на Инстаграм.

Фановите, следбениците и пријателите го преплавија неговиот Инстаграм профил со пораки на тага откако ја прочитаа веста за неговата прерана смрт.