Пожар во подземна гаража во Скопје, изгореа два автомобили

Два автомобила изгореле вчераутро во подземна гаража на скопскиот булевар „Митрополит Теодосиј Гологанов“, соопшти МВР.

„На 27.03.2023 во 06.57 часот во Полициска станица Карпош е пријавено дека во подземна гаража на бул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ настанал пожар при што биле опожарени патничко возило „форд фокус” и патничко возило „мазда”, двете со скопски регистарски ознаки. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица Скопје“, велат од полицијата.

Полициски службеници излегле на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.