Погледнете ја снимката од ударот во двајцата полицајци од Куманово

Вечерта на 5 февруари во Куманово се случи сообраќајна незгода помеѓу автомобил управуван од млад возач и полициско возило. Дека автомобилот од типот „Туран“ се движел со несоодветна брзина докажува и видео снимката, но се уште не се знае дали возачот бил под дејство на алкохол или не.

Двајцата полицајци кои биле во полициското возило се здобиле со полесни повреди. Не се знае здравствената состојба на возачот за кој постои сомневање дека ја предизвикал несреќата.

Двајца полициски службеници и тројца кумановци се повредени во сообраќајна несреќа што се случи вечерта пред 22 часот на „Нагорички сокак“ во Куманово, соопшти вчера полицијата.

Вчера во 21:50 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од улиците „Иво Лола Рибар“ и „Пиринска Македонија“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген туран“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од деветнаесетгодишниот А.И.од липковското село Матејче, и патничко возило „шевролет спарк“ сопственост на МВР.

Во незгодата со телесни повреди се здобиле двајца полициски службеници од полициското возило, возачот на возилото „фолксваген“ и двајца негови сопатници, Б.Р. и А.Р., констатирани во општа болница Куманово, соопшти полцијата.