Повредени пет полицајци на фудбалското дерби Караорман-Охрид во Струга,

Вчера околу 17 часот во Струга, по завршување на фудбалскиот натпревар помеѓу екипите на Караорман од Струга и Охрид во рамки на Втората фудбалска лига бил нарушен јавниот ред и мир од поголем дел од навивачката група од Охрид, потврди Министерството за внатрешни работи (МВР).

„Навивачите оштетиле дел од инвентарот на стадионот. При преземање мерки со повреди се здобиле пет полициски службеници од полициската станица Струга. По целосно документирање и расчистување на случајот, ОВР Струга ќе поднесе соодветни пријави“, соопштија од МВР.

Караорман минимално со 1:0 го совлада Охрид во езерското дерби од 23 коло од Втората фудбалска лига. Стружани со тоа се реваншираа за поразот во есенскиот дел од првенството кога славеше Охрид, исто така со 1:0.