Пике ја изневерувал Шакира уште многу одамна?

Јазолот околу врската помеѓу Шакира и нејзиниот поранешен партнер полека се разоткрива

Според странските медиуми, славниот фудбалер Жерар Пике ја започнал врската со неговата сегашна девојка Клара Марти во 2021 година.

Случајно, еден од обожавателите на Шакира забележал дека Клара може да се види во позадина за време на состанок на Зум. Тоа беше интервју за познати медиуми, кое фудбалерот го даде пред речиси две години.

На сите кои го следеа ова раскинување им е јасно дека на Шакира тешко и падна сето тоа, а за Page Six тоа го потврди извор близок до пејачката.

Ова не е чудно бидејќи ако точната информација е дека врската на Пике трае од 2021 година, тоа би значело дека тој ја изневерувал Шакира додека, според неа, сè уште функционирало нормално меѓу нив.

Изворот за американските медиуми изјавил дека Шакира била скршена откако сфатила дека жената престојувала во нејзиниот семеен дом, кој парот го делел со нивните деца, синовите Милан и Саша.

– За неа е поразително да знае дека аферата траела многу подолго отколку што мислела – тврди изворот на Page Six.

Да потсетиме, Пике и Шакира објавија дека се разделуваат во јуни минатата година, по 11 години заеднички живот. Двајцата живееле во Барселона осум години.

Пике продолжи многу брзо, додека пејачката беше многу погодена од разделбата со Пике. Двајцата беа на суд и за поделба на старателството на децата, но на крајот судот сепак пресуди и и дозволи на пејачката да ги држи децата под своја заштита, додека Пике ги гледа само во рокот предвиден со закон.