ПЕЈАЧКА НА ПОЗНАТ СКОПСКИ БЕНД ПАДНА ОД ЗГРАДА Заедно со неа паднало и нејзиното момче

Според информациите до коишто дојде Плусинфо, девојката е пејачка на познат скопски бенд, а се очекува наскоро да се разбуди од кома и да просведочи за деталите на трагедијата.

Момче и девојка паднале од зграда во населбата Центар, по што момчето го загубило животот, а девојката е хоспитализирана и се бори за живот.

Според информациите до коишто дојде Плусинфо, девојката е пејачка на познат скопски бенд, а се очекува наскоро да се разбуди од кома и да просведочи за деталите на трагедијата.

Како што веќе објавија дел од медимите, полицијата сѐ уште не го класифицира случајот како обид за двојно самоубиство.

„На 12.02.2023 во 12.57 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред зграда на бул. Климент Охридски биле пронајдени паднати Ф.М.(47) и К.Г.(39), двајцата од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош кај Ф.М. констатирал смрт, а К.Г. со тешки телесни повреди била пренесена во Комплексот клиники Мајка Тереза за укажување помош. Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти МВР.

Извор: ПлусИнфо