Пендиков утре ќе добие бугарско државјанство

Утре на свечена церемонија во Софија ќе му биде врачено бугарско државјанство на Христијан Пендиков, јави БТА.

Документите за државјанството на македонскиот Бугарин, кој беше претепан во Охрид, а потоа со бугарски владин авион евакуиран во Софија, ќе му ги врачи потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова, која го потпиша указот за стекнување бугарско државјанство врз основа на неговото бугарско потекло.

Според најавата, церемонијата ќе се одржи во т.н. „Гербова сала“ во Претседателството на Бугарија – најголемата и најлуксузно опремената сала во објектот, во која се одржуваат најважните средби, се потпишуваат меѓудржавни договори и се доделуваат награди и одликувања на заслужни граѓани.

Како што информираат од кабинетот на Јотова, церемонијата ќе се одржи во 14.30 часот.

Пендиков беше секретар на згаснатото бугарско здружение „Цар Борис Трети” во Охрид, и тврдеше дека го претепале поради тоа што јавно кажувал дека е Бугарин.