Пациент бил пред умирање: Во болница кога му ја виделе тетоважата го оставиле да умре

Седумдесетгодишен старец, пијан и онесвестен бил донесен во итната помош. Болницата не можела да ги најде неговите најблиски бидејќи немал документ за идентификација и не знаеле што да прават со него. Тие забележале чудна тетоважа што ја имал на градите.

Лекарите во болницата во Мајами останале во дилема откако виделе тетоважа на која пишувало „не реанимирај“ со неговите иницијали под неа.

Кога пулсот на мажот почнал да слабее, лекарите решиле да ја игнорираат тетоважата но во исто време побарале и е консултација од други колеги.

По консултацијата била донесена одлука да се почитува неговата тетоважа и пациентот починал во текот на ноќта, пишува New England Journal of Medicine.

Грегори Холт, главниот автор на студијата за случајот, беше најмногу загрижен за тоа дали донеле правилна одлука за законот.

-„Флорида има строги правила за тоа“, изјави тој за Gizmodo.

Околу 80 проценти од пациентите во Американ Медикер велат дека сакаат да избегнат хоспитализација и интензивна нега за време на терминална болест.