Откриен кластер на лица кои ги испраќале дојавите за бомби во Македонија!

Апсолутно не дозволивме да се случи било какво нарушување на мирот и безбедноста на наставниот кадар и учениците. Целта на хибридната војна е да предизвика неспокој и да ги троши институциите на системот. Сите максимално посветено работевме, рече министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во гостувањето на утринската емисија на МТВ.

Според него, сите лажни дојавувачи на бомби ќе добијат кривични пријави за тероризам.

-Лоциравме цел еден кластер на лица. Се повикани на разговори во полициски станици и одземени се нивните мобилни телефони и се продолжува на обезбедување докази при нивното вештачење. Сметаме дека овој кластер ги прави овие дојави во повеќе училишта – секако дека постојат и други, кажа Спасовски.

Министерот не можеше да открие повеќе детали за возраста на осомничените лица