Определена мерка притвор за македонските државјани членови на ИСИС

Во синхронизирана полициска акција денеска во раните утрински часови во Скопје и во Република Франција лишени се од слобода тројца македонски државјани, од кои двајца во Скопје и едно лице во Франција, поради основано сомневање дека сториле кривично дело „служба во непријателска војска“, известуваат од Јавното обвинителство. Лицата се осомничени за учествување во вооружениот судир во Сирија како припадници на Исламска држава – ИСИС против меѓународните коалициски сили.

Судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје попладнево за дветмина осомничени го прифати предлогот на обвинителството и со Решение им определи мерка притвор во траење од 30 дена, додека на две лица дополнително ќе одлучува бидејќи едниот осомничен се наоѓа на болничко лекување, додека вториот е недостапен за органите на прогонот.

Мерка притвор беше определена и за останатите две лица за кои се одлучуваѓе дополнително.