Ова е Марко кој филмски го избоде татка си и монструозно ја уби маќеата (ФОТО)

Страшно семејно злосторство се случи синоќа, вмешана е и сестра му Милица

Марко П. (23) од Трешњевица кај Параќин е осомничен дека ја убил маќеата, а потоа заедно со сестра си Милица го нападнале и сериозно го повредиле татко им Милош.

Според последните информации, сериозните повреди му ги нанеле со метална шипка и со нож.

Момчето утринава во полициската станица признал дека го нападнал татка си, но изјавил и дека ја убил својата маќеа Марина М. Патролата веднаш се упатила на местото на злосторството, а безживотното тело на починатата било заткнато превртено на стомак во локва крв.

Нејзината ќерка Виолета за српски „Блиц“ изјави дека мајка ѝ била заклана со нож и дека мотивот се пари. Сепак, според извори на истрагата, мотивот е емотивната врска во која биле Марина и Милош. Надлежните органи се сомневаат дека нивната љубов премногу им пречела на децата.

Мештаните од селото сведочат дека несреќната жена и претходно била малтретирана.

„Осум години живееја заедно и супер се согласуваа. Проблем беа неговите деца. Марко и не толку, со Милица имаше најголеми конфликти. Беше поднесена и пријава бидејќи ја тепала мајка ми. Ништо не ѝ можеа откако ја прогласија за непресметлива“, раскажува Виолета Живановиќ Кркиќ, ќерката на убиената жена.

Истрагата е во тек.